Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

„И во Белград експериментален концерт, да видиме колку луѓе ќе бидат заразени…“

Како што објасни заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, тој експеримент ќе помогне да се организираат концерти во иднина.

Заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, денес изјави дека ќе се организира концерт во Белград како еден вид научен експеримент, со цел да се види колку луѓе ќе бидат заразени со коронавирусот, како што беше случајот во Барселона и Холандија.

„Планираме да организираме научен експеримент во Белград под надзор на Републичкиот фонд за здравствено осигурување и Медицинскиот факултет – концерт, еден на отворено и еден во затворено“, рече тој за РТС.

Како што објасни Весиќ, тој експеримент ќе помогне да се организираат концерти во иднина.

Весиќ оцени дека Белград е „најдобар“ во Србија во однос на вакцинацијата и дека не треба да ја „дели судбината“ на другите градови.

„Во петок, на седницата на Кризниот штаб, ќе има четири протоколи поврзани со организација на прослави, семинари, концерти, фестивали и конгреси, бидејќи нема причина да ги нема – туристи на конгреси се најдобрите туристи“,  рече Весиќ.

Во Белград, додаде Весиќ, недостасуваат уште 60.221 вакцинирани граѓани за да достигнат 50% од вакцинираните.

Пунктови за вакцинација ќе бидат отворени во уште три трговски центри – „Бео“, „Галерија“ и „Рајчева“, а автобусот за вакцинација утре ќе биде во општина Грочка, рече тој.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!