И Македонките „рошкаат“ по продавниците за половна облека, ама се срамат да кажат, Хрватките и вртат грб на скапата облека

гардероба секој ден
Фото: Профимедиа

Светските бизнис гуруа го сместија бизнисот со „облека од втора“ рака, меѓу топ десетте, на кои кризата не им може ништо. Веќе десеттина години и во Македонија се отвораат такви дуќани, но купувачите срамежливо се „отвораат“ кон нив

Додека некои едвај преживуваат поради инфлацијата, нивниот бизнис цвета. Продавниците со користена облека се сè попопуларни меѓу хрватските клиенти, особено – младите и тинејџерите кои се повеќе се спротивставуваат на трендот на брза мода и консумеризам.

Клиентите го наведуваат еколошкиот фактор како една од важните причини за пазарење во продавниците за половна облека – со оглед на тоа што просечниот Европеец купува 26 килограми, а фрла 11 килограми текстил годишно! Се чини од две до 70 евра.

А, со малку фантазија, можете да купите цела модна комбинација за помалку од десет евра.

„Панталоните се две и пол евра. Тие се со убав крој, црни и обични. За истите пари може да си најдете и интересна маица, јакна во рокерски стил, или елече, значи облечени сте за 7,5 евра“, вели за Н1, Марија Павишиќ, косопственик на продавница од втора рака ЗГ.

Речиси сите продавници за втора рака во Загреб купуваат стока од странство и ретко која од нив веќе откупува користена облека. Поевтини, поквалитетни и – еколошки поодржливи, е мотото на нивните клиенти.

„Овде често наоѓам работи што едноставно не можам да ги најдам на друго место. Ова го правам сигурно еднаш месечно“, вели Матеа од Загреб. Оние кои освен пониска цена бараат и дизајнерски потпис – може да ги најдат во продавниците за винтиџ облека. Парчиња креации од Жужа Јелинек до палтата и бундите на Мура… може да се најдат за дури 50 евра.

Сопственичката Ниџара Мустафиќ вели дека бројот на клиенти, главно млади луѓе, секоја година е поголем за околу 30 проценти.

„Нашето најстаро парче облека е од 1961 година, тоа е фустан, рачно изработен и чини 22 евра. Сè е купено од луѓе кои живеат во регионот. Ни се јавуваат или доаѓаат овде, ние одиме и пробуваме на лице место што ни се допаѓа или ја купуваме целата гардероба“, вели Мустафиќ.

Не се само младите кои се свртуваат кон одржливиот – спротивставени на консумеризмот и брзата мода на познатите светски брендови. Загрепчани тоа воопшто не го кријат.

„Никогаш не знаете што ќе најдете“. „Купив јакна со пердуви минатото лето за 25 евра, не ја соблеков цела зима. „Кошулите! Мислам дека беа едно евро или… од едно евро до две евра максимум!“ „Можам да изберам природни материјали и да направам нешто што е само за мене и што е необично, што не е шаблон“, пишуваат Хрватките.

Светските бизнис гуруа го сместија бизнисот со „облека од втора“ рака, меѓу топ десетте, на кои кризата не им може ништо. На некои им е шубе, некои пак уживаат да рошкаат по нив. Сеедно, ретки се оние кои имаат апла негативен став кон ваквата облека. Затоа, експертите препорачуваат голтнете ја гордоста, затоа што во сегашнава криза таа е единствената пречка да не се расфрлате со парите. Освен тоа, кој ќе знае од каде ви е облеката, ако не им кажете?
Но, за жал и покрај економската криза, македонските граѓани не се баш љубители на половната облека. Веќе десеттина години и кај нас се отвораат такви дуќани, но купувачите срамежливо се „отвораат“ кон нив. А цените за наши услови се навистина поволни по 100, 150 денари за парче. Некаде може и на кило чевли, ташни, кошули, долна облека, завеси, чаршави, па дури и носени венчаници. Газдите велат дека половната облека е од странство, но сепак не се сите подготвени да влезат, а уште помалку и да ги видат како купуваат таква облека.

-Малку ми е шубе да купам нешто носено. А гледам дека има интересни работи, некои парчиња се сосема нови – вели една Скопјанка.

-Редовно доаѓам, постојано си наоѓам по нешто. Имаат добар избор, па дури и во разни големини. Исправни се, поминати низ хемиско чистење, но секако се треба претходно да се испере – вели друга наша сограѓанка, која ја сретнавме во една продавница за половна облека во центарот на Скопје.

Да потсетиме, масовното производство на облека и парчиња за една сезона е причината поради која модната индустрија стана вториот најголем загадувач на животната средина на планетата. Само годишно текстилната индустрија произведува над 90 милиони тони отпад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот