Македонија немаше сили за изненадување против холандските „лалиња“/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

И Холандија е преголем „залак“: Македонија го запиша вториот пораз на ЕП 2022

После високиот пораз од Франција на стартот од групата „Ц“ во прелиминарната фаза на Европското првенство, денеска македонската женска ракометна репрезентација загуби уште поубедливо овојпат од Холандија со 30:15.

„Лалињата“ покажаа зошто нивниот ракомет е во огромен подем, и дека годинава се исто така едни од фаворитите за медал. За нашата селекција предводена од Љубомир Савевски останува последната шанса на 9 ноември против Романија, меч кој најверојатно ќе одлучува за третото место кое води во главната фаза.

Уште на самиот почеток противникот стекна убава предност од 6:1 по седум минути игра во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје. Врзавме два голови во серија преку Кипријановска и Ристовска за намалување на 6:3, но тоа не ја загрижи холандската селекција која брзо и едноставно ги реализираше своите напади, возврати уште подобро и дојде до „плус седум“ (11:4) во 13 минута.

Противникот сигурно го одржуваше водството, а на пауза замина со највисоки 17:9 по погодокот на Смитс. Ништо не се промени во вториот дел, Холанѓанките само рутински ја одработуваа задачата, а ние влеговме во уште поголема криза откако 15 минути бевме без реализација. Тоа го искористи Холандија да дојде и до двоцифрена позитива и истата уште повеќе да расте до крајот на мечот.

За Македонија на денешниот дуел најефикасна беше Ристовска со четири голови, играчот на ЦСКА Москва беше прогласена и за најдобра ракометарка на натпреварот. На спротивната страна Смитс седумпати се запиша во листата на стрелците, а шест голови беа дело на Бонт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот