Хутите по нападите во Црвеното Море: Гаѓавме израелски бродови

Хутите во Јемен / Фото EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Јеменските Хути денеска со беспилотни летала нападнаа израелски, британски и американски бродови во Црвеното Море поради обновените израелски напади врз Појасот Газа.

Портпаролот на јеменските Хути, генерал Јахја Сари, изјави дека биле нападнати два израелски брода, кои, според него, ги игнорирале предупредувањата на морнарицата Хути, пренесува „Ројтерс“.

Сари вели  дека Хутите ќе продолжат да ги гаѓаат израелските бродови во Црвеното Море и дека Јемен води судбоносна битка со израелскиот окупатор – САД, пренесе либанската телевизија „Ал Мајдин“.

Претходно, компанијата за поморска безбедност „Амбри“ соопшти дека добила извештаи дека британски товарен брод бил погоден со проектил додека минувал низ Црвеното Море.

„Британски товарен брод под знамето на Бахамите, наводно, бил погоден со проектил додека минувал низ Црвеното Море, приближно 34,5 километри северозападно од Мока, Јемен“, соопшти компанијата Амбри“.

Потоа Пентагон соопшти дека е нападнат американскиот разурнувач УСС Керни и неколку комерцијални бродови во Црвеното Море, без да прецизира од каде доаѓаат нападите.

Хутите се прогласија за дел од „оската на отпорот“ на иранските сојузници и исто така лансираа серија беспилотни летала и проектили кон Израел.

Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека ја разгледуваат можноста за прогласување на јеменските бунтовници хути за терористичка организација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот