Британски товарен брод погоден од ракета во Црвеното Море

Британски товарен брод што пловел во Црвеното Море бил погоден од ракета, соопшти компанијата за поморска безбедност „Амбри“.

– Британски товарен брод под знамето на Бахамите, наводно, бил погоден со ракета додека го минувал Црвеното Море, приближно 34,5 километри северозападно од Мока, Јемен – се вели во соопштението на компанијата, пренесува Бета.

Британската агенција за поморска безбедност (УКТМО) соопшти дека добила извештај за активност на беспилотни летала „во близина на Баб ел Мандеб, од правец на Јемен“.

Бунтовниците Хути во Јемен се заканија дека ќе ги нападнат бродовите на Израел и сојузниците на Израел во Црвеното Море, како одмазда за војната на земјата против палестинскиот Хамас во Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот