Хутите истрелаа два проектила врз трговски бродови во Црвеното Море

Јеменските Хути, поддржани од Иран, истрелаа две ракети доцна синоќа кон трговски бродови кои патуваа во Црвеното Море во близина на стратешкиот теснец Баб ел-Мандеб, соопшти американската војска по извештајот на британската агенција за поморска безбедност УКМТО.

УКМТО првично извести за експлозии во близина на товарен брод што пловел меѓу бреговите на Еритреја и Јемен.

-Во моментов не се пријавени оштетувања на бродот и на екипажот, се вели во кратката порака на агенцијата, управувана од британската кралска морнарица.

Централната команда на САД соопшти дека Хутите истрелале две противбродски балистички ракети во јужниот дел на Црвеното Море, каде што имало повеќе комерцијални бродови, но „ниту еден не пријавил никаква штета“.

-Овие незаконски дејствија ги загрозија животите на десетици невини морнари и продолжуваат да го нарушуваат слободниот проток на меѓународната трговија, објави Централната команда на САД на „X“, додавајќи дека ова е 24-ти напад врз трговскиот брод во областа од 19 ноември.

Советот за безбедност на ОН денеска треба да одржи состанок за одржување на меѓународниот мир и безбедност, на кој француските дипломати рекоа дека ќе се разговара за нападите на Хутите во Црвеното Море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот