Хути во Јемен/Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Хутите им објавија војна на нафтените компании

Јеменската бунтовничка група Хути се заканија дека ќе ги нападнат американските нафтени гиганти, вклучувајќи ги „Ексмобил“ и „Шеврон“, и покрај претходниот договор со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да не се напаѓаат бродови поврзани со САД што пловат низ Црвеното Море.

Хуманитарно-координативниот центар за операции со седиште во Сана, кој координира меѓу Хутите и комерцијалните поморски оператори, соопшти дека санкционирани се 13 американски компании, девет директори и два брода, објави Ројтерс.

Со субјектите означени од Хутите ќе се постапува во согласност со принципот на конфронтација, соопшти на својата веб-страница Хуманитарно-координативниот центар за операции.

Се вели дека станува збор за предупредување дека наведените компании, вклучувајќи ги „КонокоФилипс“ и „Дајмонд С Шипинг“, се сметаат за непријателски субјекти кои би можеле да бидат изложени на напад.

Од 2023 година, Хутите започнаа бројни напади врз бродови во Црвеното Море за кои сметаат дека се поврзани со Израел, тврдејќи дека се во солидарност со Палестинците изложени на израелски напади во Појасот Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот