Хуманитарна акција во Тетово: Ќе се продаваат уметнички дела, парите ќе се наменето за луѓето со посебни потреби

Здружението за церебрална парализа-Тетово со ликовни уметници утре со почеток во 20 часот во тетовското кафуле “Вајп“, ќе организираат добротворна акција на уметнички дела. Парите од продадените слики ќе бидат наменети за поддршка и помош на лицата со посебни потреби.

„Секој од нас треба да им помогне на овие луѓе оти промените треба да почнат од секој од нас, за да имаме едно подобро општество за сите. Така да мислам дека секој добронамерен особено компаниите кои се од Тетово, треба да бидат дел од овој хуманитарен настан и да им се помогне на овие деца оти на нив им треба нашата помош и поддршка. Се работи за изложба односно ќе се продаваат уметнички слики, со некоја одредена симболична цена. За да ја разубават вечерта ќе пеат девојките од групата „Шербет“ и мислам дека на крајот ќе им помогнеме на лицата со попреченост“, рече Славчо Максимовски иницијатор на хуманитарната акција.

Вакви акции кои се покажаа како успешни се организираа во Велес и Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот