Фото: Принтскрин

Хулигани и гости на ресторан се степале сред Белград — летале столици и шишиња

Група хулигани ноќеска нападнала гости на ресторан во центарот на Белград, а во инцидентот биле оштетени повеќе угостителски објекти, објави српски Блиц.

Група странци седеле на маса во еден од рестораните кога им пришла група хулигани и по кратка вербална расправија започнала физичка пресметка.

Според зборовите на еден од вработените во ресторанот, кој сведочел за настанот, избувнала масовна тепачка и општ хаос.

— Не се знаеше кој со кого се тепа, на сите страни летаа столици и шишиња — изјавил тој.

Тој додал дека гостите на една маса биле странци, облечени со маици со обележја на некаков спортски клуб. Одеднаш пристигнала група од дваесетина хулигани, ги опколиле, започнале расправија, а потоа и тепачка.

— Настана вистински хаос. Се разбегаа пред да пристигне полицијата — објаснил работникот.

Голем број полициски службеници биле на местото на настанот. По интервенцијата, нередот бил ставен под контрола, а гостите се разотишле.

Се шпекулира дека во инцидентот учествувале навивачи на Црвена звезда и на шкотскиот Селтик, кои во текот на денот престојувале во Белград и го обиколувале центарот на градот. Потсетуваме дека во главниот град пристигнале и навивачи од повеќе европски градови — меѓу кои Белфаст, Даблин, Корк, Голвеј и Прага — па се претпоставува дека евентуалните судири би можеле да бидат поврзани со нивното меѓусебно движење и собирање, објави српски Спортисимо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот