ВИДЕО: Хорор на протестите на фармерите во Франција, загинаа жена и нејзината ќерка, сопругот е во болница

Фото: EPA

Жена и нејзината ќерка (14) загинаа во сообраќајна несреќа што се случила на дел од патот што бил блокиран поради протестот на француските земјоделци.

Несреќата се случила во градот Памиер, во јужниот француски департман Ариеж. Деталите за несреќата не се познати.

„Жената почина, а нејзиниот сопруг и ќерка се во тешка состојба и беа згрижени од Брзата помош“, изјави претседателот на синдикатот на фармери FNSEA Арно Русо.

Потоа стигна информација дека девојчето им подлегнало на повредите, додека не се знае во каква состојба е таткото.

Земјоделците во Франција протестираат поради ниските откупни цени на земјоделските производи и бараат намалување на даноците, што се барањата на земјоделците ширум Европа.

Тие ги блокираа патиштата во делови од Франција минатата недела поради новиот данок на горивото за трактори, евтиниот увоз на земјоделски производи и ниските откупни цени. Владата најави дека сака да го слушне мислењето на претставниците на земјоделците за да се вклучат дополнителни мерки за поддршка на секторот во предлог-законот за земјоделство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот