Средба Макрон-Орбан за членството на Украина во ЕУ

Фото: ЕПА Виктор Орбан и Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон в четврток ќе има работна вечера со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Елисејската палата во обид да се најде компромис пред самитот на ЕУ следната недела.

„Двајцата лидери треба да разговараат за „различни аспекти на европската поддршка за Украина“, како и за други теми од агендата на самитот, се вели во соопштението објавено денеска од Кабинетот на францускиот претседател.

Во писмото испратено до шефот на ЕУ, Шарл Мишел во понеделникот, Орбан бара одложување на клучните одлуки за Украина, вклучително и дополнителна финансиска помош за земјата разурната од војна и можноста за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Европската комисија минатиот месец препорача да започнат преговорите за членство со Украина и Молдавија.

ЕК исто така, предлага финансиски спас од 50 милијарди евра за Киев како дел од ревизијата на долгорочниот буџет на блокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот