ВИДЕО: Автомобил удри во мечка на локалниот пат Тетово – село Непроштено

фото: Социјални мрежи, автомобил удри во мечка

Вечерва на локалниот пат Тетово – село Непроштено патничко моторно возило удрило во млада мечка која го минувала патот заедно со друга поголема мечка и уште две помали мечиња. Во возилото кое удрило во мечката било семејство, татко, мајка и три мали деца кои добиле лесни повреди. Мечката во која удрило возилото била повредена и се оддалечила од местото на несреќата.

Откако на бројот 112 била добиена информацијата за сообраќајната несреќа, Центарот за управување со кризи ги информираше надлежните институции. Повредената млада мечка се наоѓа на патот, покрај неколку куќи каде има поголема раздвиженост на возила и луѓе. Жителите се предупредени да го избегнуваат движењето на местото на несреќата и да бидат внимателни.

„Овој случај отвора многу прашања околу непрецизно дефинираните и испреплетени надлежности на институциите бидејки по несреќата ја разгледувавме можноста повредената мечка да биде успиена со опојно средство, а потоа преместена и згрижена на соодветно место, како на пример во ЗОО Скопје, каде би ѝ се пружила медицинска нега. Притоа до израз дојдоа повеќе формално-правни и функционални недостатоци“, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот