ВИДЕО | Градски парк стана возен парк

ФОТO: Несовесен возач во Градскиот парк / Слободен печат, Д. В.

Градскиот парк во Скопје денес беше преполн со граѓани кои беа излезени да уживаат во сончевиот ден. Некои со децата, други со милениците шетаа низ паркот, но она што ги изненади сите, е автомобилот  марка „ситроен Ц3“ кој се движеше во паркот, поточно по патеката која е наменета исклучиво за пешачење.

Иако т.н. тартан патеката во Градскиот парк служи за рекреација на скопјани, по се изгледа овој скопјанец таа рекреација не ја сфатил како што треба па денес возеше со својот автомобил.

Револтирани граѓани веднаш ни ја испратија сликата до нашата редакција се со цел надлежните институции да реагираат за несовесниот возач.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот