Железница - Бугарија / фото: Фејсбук / НКЖИ

Хрватски железници воведуваат возови што ќе сообраќаат по полноќ за време на викендите

ХЖ презентираше пилот-проект за ноќни возови што ќе започне во сабота, 11 октомври. Имено, во сабота и недела во раните утрински часови, ноќните возови ќе сообраќаат од Загреб до Дуго Село, Врбовец, Иваниќ-Град, Крижевци, Запрешиќ, Забок, Крапина, Јастребарско, Карловац, Велика Горица и Сисак. Воведувањето ноќни возови го иницираа претставници на Студентскиот сојуз на Универзитетот во Загреб.

Ова е пилот-проект што ќе трае 9 месеци и во тој период ќе се следи интересот на патниците од сите генерации за доцно патување со воз за време на викендите. Хрватските железници (ХЖ) велат дека ноќните линии ќе обезбедат безбеден и одржлив јавен превоз за сите оние кои ќе посетат разни настани во Загреб и околината за време на викендот. Со овие ноќни линии, Хрватските железници ќе имаат повеќе од 800 возови на железниците во земјата.

Целта на проектот е да се зголеми мобилноста на граѓаните, особено на студентите, кои престојуваат во Загреб за време на викендот за културни, социјални и спортски настани, со што ќе се обезбеди нивно безбедно враќање во раните утрински часови. Од 1 јануари оваа година, околу 23.800 редовни студенти користат бесплатен железнички превоз. Деца, студенти, пензионери и лица над 65 години исто така имаат право на бесплатен превоз, објави Даница.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот