Хрватска мора постојано да увезува возачи, работните визи се издаваат на неделно ниво

Украинските погранични власти само им соoпштиле на возачите дека имаат пет минути да ги спакуваат личните работи и да ја напуштат државата, но без камионите и стоката натоварена во нив.

Според податоците на Меѓународната унија за патен транспорт, во светот има недостиг од околу три милиони возачи, со проценки дека ситуацијата ќе се влоши уште повеќе во следните пет години. На превозниците во земјите од Европската унија им недостасуваат околу 400.000 возачи на камиони, а во Хрватска, според податоците на Хрватската стопанска комора, лани имало недостиг од 3.000 до 5.000 возачи во товарниот патен транспорт. Како и во другите дефицитарни професии, недостигот од возачи делумно се компензира со „увозот“ на странци, кои сега сочинуваат една петтина од вкупниот број возачи, анализира Н1 Хрватска.

„Во Хрватска нема доволно возачи. Ако се земе предвид дека имаме 20 проценти странски возачи, излегува дека има огромен недостиг од локални возачи и дека мораме постојано да увезуваме работници и во оваа индустрија. Работните дозволи и визите се издаваат на неделно ниво, најмногу на возачи од Босна и Херцеговина и Србија. Но, веќе има многу возачи од далечните земји, од Филипините и Непал. Сето тоа значи дека ни недостасува возач“, ни изјави Бранко Трстењачки, потпретседател на Хрватското здружение за патен транспорт (УХЦП).

Трстењачки забележува дека на возачите од далечните земји им треба повеќе време да се прилагодат на локалните сообраќајни прописи. „Сообраќајните закони и прописи се различни во нивните земји. Тешко им е да управуваат со тахографи, па дури и да возат“, објаснува Трстењачки. Камионџиите од Хрватска најчесто одат на работа во Германија, Австрија и Италија. „Најмногу недостигаат возачи. Само во Германија моментално бараат од 30.000 до 40.000 возачи и ќе направат се да ги привлечат да дојдат да работат кај нив“, рече Трстењачки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот