Хрватите навалија на средства за смирување, фармацевтите пријавуваат недостиг

Лекови МИА
Лекови/ Фото: МИА

Најголемата хрватска фармацевтска компанија пријави недостиг на познат лек за смирување, поради „неочекувано зголемена потрошувачка“, објави Даница.хр.
Според „Јадран галенскa лабораторија“ од Риека, има недостиг на таблети „темелор“ од 2,5 мг од активната супстанција лоразепам. Причината е неочекувано зголемена побарувачка. Лекот нема да се најде на пазарот до 25 март, велат од ЈГЛ.

Лоразепам е лек против анксиозност кој се користи за краткорочно олеснување на анксиозноста што предизвикува екстремен стрес и за лекување на проблеми со спиењето предизвикани од анксиозност. Претходно, фармацевтскиот гигант Сандоз исто така пријави недостиг на таблети Санвал од 10 мг, чија активна супстанција е золпидем тартарат. Поради проблеми со производството, тие нема да бидат достапни до крајот на април.

Кога станува збор за психофармацевтски препарати, лекови кои влијаат на нервниот систем, најголема потрошувачка има во Вуковарско-сремската жупанија и Копривничко-крижевската жупанија. На врвот се и Вировитица и Бјеловар. Најмалку лекови за нерви се консумираат во јадранските окрузи, пред сè во Истарскиот, Сплитскиот и Дубровничкиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот