Фото: Инстаграм

Храбри, страсни, пожртвувани, вљубени …: Нашите познати дами ја испратија 2024 облечени во архетипската црвена боја, која носи посебна порака

Црвената е архетипскa боја и првата што ја препознаваме пo раѓањето, покрај белата и црната. Поради присуството на црвениот пигмент во природата, уште од памтивек, оваа боја има предност пред другите.

Црвената боја ја избираат екстровертни, продорни ликови, лидери, луѓе кои уживаат во внимание, доминација и накратко, карактери кои се во центарот на вниманието каде што нема место за несигурност.

Црвената е симбол на храброст, отпор, пожртвуваност, страст, гнев, агресија, но и љубов. Бојата на срцето.

Велат дека црвената боја носи радост, љубов и среќа. Освен што е симбол на љубовта, се поврзува и со новогодишната прослава. Во многу земји постојат различни обичаи поврзани со новогодишната ноќ, но речиси сите вклучуваат барем нешто црвено во таа ноќ. Според верувањата, црвениот детаљ или црвената долна облека, помага следната година да биде поисполнета, среќна и поуспешна.

Во оваа симболична боја дел од познатите Македонки ја испратија 2024 година. Нашите храбри, екстровертни дами кои уживаат во вниманието, доминацијата, а исто така се пожртвувани, страсни и секогаш вљубени, со моќта на црвената испратија уште една година полна со предизвици, подготвени да ја пречекаат следната 2025 уште посилни и самоуверени.

Антонија Гиговска

Фото: Инстаграм

Катерина Шехтанска

Фото: Инстаграм

Зои Блаж

Фото: Инстаграм

Емакулате Вандера

Фото: Инстаграм

Мелита Ракичевиќ

Фото: Инстаграм

Миа Костова

Фото: Инстаграм

Милена Антовска

Фото: Инстаграмузан

Сузана Гавазова

Фото: Facebook/Принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот