Холандски фудбалер обвинет за шверц на четири тона кокаин

Квинси Промес
Квинси Промес се соочува со затворска казна/ Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Фудбалерот на Спартак Москва, Квинси Промес е осомничен дека е дел од криминална организација што се занимава со трговија со дрога.

Холандскиот весник „Телеграф“ пишува дека Промес и неговото семејство вложиле пари во пратка од дури четири тона кокаин која во април 2020 година ја запленила белгиската полиција.
Вредноста на запленетиот кокаин изнесувала околу 120 милиони евра.

На холандскиот фудбалер му се заканува апсење, но работата се компликува бидејќи Квинси Промес мометно се наоѓа во Москва.

Промес и во минатото имал проблеми со законот, тој во јули 2020 година бил обвинет дека со нож повредил роднина на семејна прослава и за ова дело се соочува со затворска казна од четири години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот