Хода: Ахмети пред да обесштетува бранители нека го реши статусот на поранешните припадници на ОНА, кои се уште се терористи

фото фејсбук бесим хода

Здружението на воените ветерани на ОНА реагира на изјавата на претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов дека лидерот  на ДУИ Али Ахмети е подготвен да разговара за обесштетување на бранителите. Претседателот на Здружението на ветераните на ОНА Бесим Хода во изјава за Алсат вели дека ДУИ произлегла од ОНА во 2001 година и  пред да ги обесштетува бранителите, треба со закон да го регулира статусот на воените ветерани и семејствата на загинатите припадниции на ОНА, чиј водач бил  самиот Али  Ахмети.

„Бранителите во рок од 22 години неколку пати ги остварија своите права со уставни амандмани или дополнителни членови. Македонски воен инвалид добива 1.500 евра, за секој загинат Македонец семејството добива 800 евра, а нивните деца по 150 евра со што се стигнува до висока плата. Она што уште повеќе се игнорира и боли е фактот што не само што никогаш сериозно не се направи обид за решавање на статусот на ветераните на ОНА, семејствата на загинатите и воените инвалиди, туку тоа што до ден денес во Уставот на Македонија, земајќи директно од југословенското законодавство, ние сме третирани како терористи и како криминалци“, велат од Здружението на ветераните на ОНА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот