Хју Грант брутално искрен: Ја мразам улогата во „Вонка“, но морам да работам бидејќи имам пет деца

Фото: ipa-agency.net / IPA / Profimedia

На неодамнешната светска премиера на филмот „Вонка“, заснован на романот „Чарли и фабриката за чоколади“ на Роалд Дал, се собра целата филмска екипа во Лондон, предводена од Тимоти Шаламе во улогата на Вонка, а тука беше и Хју Грант, кој го отелотвори зајадливото и сурово мало човече Умпа Лумпа.

Додека Шаламе потпишуваше автограми, Грант им се обрати на медиумите и им рече дека снимањето на овој филм е „апсолутно ужасно искуство“ за него.

„Не можев повеќе од ова да ја мразам целата работа“, рече Грант, кој најмногу се одрази на процесот на снимање.

Имено, додека го глуми половина метар високиот Умпа Лумпа, работник во фабриката за чоколади на Вонка, режисерот Пол Кинг користел специјална технологија за снимање на движењата, а за да го намали своето тело, актерот морал да носи специјален костум и камера на главата.

“Тоа беше како круна од трње, многу непријатно. Направив голема врева поради тоа. Навистина го мразев тоа снимање. И искрено, се што му направив на моето тело беше ужасно и сето тоа беше заменето со анимација”, додал тој.

По прилично незгодна изјаваа, тој бил прашан дали на крајот се исплати сета таа напорна работа, а тој одговори: „Не баш“, што предизвика смеа кај неговите колеги.

„Немам ништо против Вонка и Кинг конкретно, но веќе некако мразам да снимам филмови, но бидејќи имам многу деца, ми требаат пари и морам да работам“, рекол актерот.

Хју Грант е познат по неговиот типичен британски хумор, остар и саркастичен, што беше главниот адут за да се добие улогата на Умпа Лумпа.

„Во романот ‘Чарли и фабриката за чоколади’, човечињата се неверојатно саркастични, осудувачки и сурови, па кога размислував за ликот, сфатив дека единствената личност што може да отслика таков лош лик е Хју“, рече режисерот Пол.

Инаку, актерот за првпат стана татко на педесет години, а во следните осум години доби пет деца со две сопруги.

ВИДЕО | Гледачите шокирани од односот на Хју Грант кон Ешли Греам на оскаровскиот тепих

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот