Хенкок: Британската индустрија да почне со производство на респиратори за болниците

Тој за Скај њуз изјави дека Британија ќе го купи секој вентилатор што ќе се произведе.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок побара денеска од британската индустрија да почне со производство на важна медицинска опрема, како на пример респиратори.

Тој во авторски текст за британскиот весник „Телеграф”, со констатација дека епидемијата на Ковид-19 е најголема во оваа ера, истакна дека Владата во Лондон побарала производство на вентилатори и друга опрема за потребата на болниците.

– Сега е потребно да ги трансформираме производствените линии за производство на вентилатори, нагласи Хенкок.

Тој за Скај њуз изјави дека Британија ќе го купи секој вентилатор што ќе се произведе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот