Хеликоптер на АРМ принудно слетал во реонот на селата Средно и Долно Коњаре

Фото: АРМ

Хеликоптер на АРМ денеска околу 14:30 принудно слетал во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, откако за време на редовна летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, се појавило предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, информираат од Армијата.

Од АРМ, нема никакви оштетувања на хеликоптерот и посадата е безбедно слетана.

„Во текот на денешниот ден при редовно извршување на летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, следејќи ги безбедносните процедури поради појава на сигнализациско предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, во време околу 14 и 30 часот е пристапено кон принудно слетување во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец“, се вели во соопштението од АРМ

По безбедното слетување на хеликоптерот се преземени сите стандардни оперативни процедури за обезбедување на местото, се до утврдување на причината на кварот и оспособување на хеликоптерот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот