SOPA Images / ddp USA / Profimedia

Хелен Мирен: Феминистка сум, но следниот Џејмс Бонд мора да биде маж, не може да биде жена

Британската актерка Хелен Мирен изјави дека иако е феминистка, следниот Џејмс Бонд мора да биде маж“. Коментарите на актерката доаѓаат откако Amazon MGM Studios, кои ја презедоа креативната контрола врз агентот 007, минатиот месец открија дека креаторот на „Peaky Blinders“, Стивен Најт, ќе го напише сценариото за следниот филм.

– Феминистка сум, но Џејмс Бонд мора да биде маж. Не може да биде жена, тоа едноставно не функционира. Џејмс Бонд мора да биде Џејмс Бонд, инаку станува нешто друго – изјави добитничката на Оскар за списанието Сага.

Поранешниот агент 007, Пирс Броснан (72) се согласи со Мирен, со која глуми во новата крими драма „Thursday Murder Club“ адаптирана според бестселерот на Ричард Осман. Во претстојниот филм, Мирен игра пензионирана шпионка која е и основач и водач на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот