Instagram

Харпер Бекам носи мини-чантичка од 20 илјади долари

Одморот на семејството Бекам во Мајами не требаше да преивлече преголемо внимание, сè додека фотографијата од 14-годишната Харпер не стана вирална поради еден детаљ. Фотографијата ја објави нејзиниот брат Ромео, а открива дека Харпер со задоволство позајмува луксузни детали од гардероберот на нејзината мајка, Викторија Бекам.

И додека пред неколку години можела само да гледа само се носи на модната писта, денес, на 14 години, таа со неверојатна самодоверба „позајмува“ култни парчиња од плакарот на нејзината мајка.

На фотографијата од одморот Харпер ја носи препознатливата мини чанта „Кели“ во кафеава кожа, модел што Викторија често го избира и кој чини околу 20.000 долари.

instagram

Оваа класична чанта ја симболизира не само богатата традиција на модната куќа „Хермес“, туку и генерациската врска во рамките на семејството Бекам. Додека нејзините врсници ги следат трендовите на големите логотипови и микро чантите, Харпер се чини дека избира суптилен и безвременски луксуз.

Чантите „Хермес“ се заштитен знак на Викторија Бекам уште од деновите кога беше во „Спајс грлс“. Се проценува дека поседува повеќе од дваесет различни модели, вклучувајќи ретки модели во различни нијанси, од кои еден неодамна беше виден во нејзините раце на Неделата на модата во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот