Фото: Lev Radin/ Profimedia

Хари и Меган ја загубија битката: Нема да бидат обезбедувани од британската полиција

Принцот Хари и Меган Маркл, го загубија правниот спор, со кој бараа право да плаќаат за својата полициска заштита додека се во Обединетото Кралство, пренесува „Си-ен-ен“.

Имено, судот во Лондон ја отфрли правната понуда на војводата од Сасекс, да се преиспита одлуката на судијата Џастис Чемберлен, со која не му се дозволува да одвојува сопствени средства за полициска заштита.

Во тек е посебен правен напор за ревизија на првичната одлука, да му се одземе заштитата финансирана од досегашните државни даноци.

Во писмените поднесоци до Високиот суд, Министерството за внатрешни работи на ОК пренесува дека „Извршниот комитет за заштита на членовите на кралското семејство и јавните личности“, „смета дека не е соодветно да се поддржи исходот со кој богатите поединци би можеле да ја „купат“ заштитата од специјалните полициски.

Овој правен случај е еден од неколкуте тековни тужби што принцот Хари ги презема во Обединетото Кралство. Тој се очекува да се врати во Лондон следниот месец за да сведочи во одвоено судење во врска со тврдењата за хакирање на телефони, против „Мирор Нјуспејпр груп“, кое започна на 10 мај и се очекува да трае седум недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!