Хаотична состојба во Авганистан – Талибанците насилно спречуваат масовно иселување

Ситуацијата во Авганистан се уште е хаотична. Евакуацијата од аеродромот во Кабул, кој се уште е под контрола на НАТО, продолжи, но сите цивилни летови сe уште се забранети. Талибанците насилно спречуваат масовно иселување на населението, што, патем, не е планирано ниту од нивните поранешни работодавци.

Додека илјадници луѓе очајно се обидуваат да летаат бесплатно од аеродромот во Кабул и  сојузниците  евакуираат речиси исклучиво воен и дипломатски персонал и  граѓани, од ѕападните земји, Талибанците се обидуваат да  го спречат масовниот  егзодус со оружје.

По тридневното затишје, новата влада им нареди на своите војници насилно да ги спречат Авганистанците да се приближат до аеродромската зона во Кабул. Дописникот на Си -Ен -Ен јавува дека во пукањето има загинати и ранети.

„Талибанците не дозволуваат да поминеме. Ни беше наредено да останеме овде. Може да поминат само Американците, Британците и оние со зелен картон. Им кажавме дека секој ден eо Бајден повторува дека можеме да дојдеме, но никој не се обраќа кај нас “, рече еден граѓанин.

Уште подраматична е ситуацијата во Џaлалабад, каде Талибанците пукаа врз демонстрантите кои го развеаа авганистанското знаме барајќи почитување на човековите права. На социјалните мрежи се појави вест дека и таму има мртви и ранети.

Талибанските лидери ветија, покрај амнестија на сите „предавници“, дека нема да се одмаздат, дека жените можат да бидат во владини структури, дека девојчињата можат да одат на училиште … но малкумина веруваат во тие изјави.

„Ги повикувам Талибанците да им дозволат на младите и особено на жените да го продолжат своето образование, за да може да има одреден напредок. Имаме многу цели што треба да ги постигнеме и да ги зачуваме тие вредности постигнати во последните 20 години “, вели еден од анкетираните граѓани на Авганистан.

Поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи и претседателот на Високиот совет за национално помирување, Абдула Абдула, изјавија дека  „ успешни  разговори“ со Талибанците и дека во тек е дијалог за трансфер на власта.

Соборениот претседател на Авганистан, Ашраф Гани, кој во неделата ја напушти власта и му се загуби трагата, доби политички азил за себе и за своето семејство во Обединетите Арапски Емирати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот