ХАОС во БиХ: Масовна тепачка на фудбалерки (ВИДЕО)

Бараж натпреварот за место во Премиер лигата на Босна и Херцеговина во женска конкуренција помеѓу Либеро Горажде и Сане 2014 го одбележа масовната тепачка помеѓу фудбалерките на двете екипи.

Натпреварот изобилуваше со возбудувања и голови, беа постигнати дури осум, но и во таков натпревар во прв план е инцидентот кој се случи по еден од прекините и кој прерасна во масовна тепачка. По тепачката, една од фудбалерките дожиеа полесен потрес на мозокот, а двете екипи натпреварот го завршија со по 10 фудбалерки.

 

По натпреварот, на социјалните мрежи се огласи екипата на Либеро Горажде која притоа презентира неколку видео снимки.
„Спорниот момент поради кој нашите девојки беа нарекувани до погрдни имиња (дивјачки, талибанки и слично) од претставникот на Сане, родителите и потоа беа распнати на социјалните мрежи“, порачаа од тимот кои потоа објаснија што се случи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот