Хаос во Белград на првиот училишен ден: 18 деца позитивни се вратиле од екскурзија

Почеток на учебната година во српско училиште/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Ученици од трето и четврто одделение од основното училиште „Милан Ракиќ“ во Нов Белград, излегле позитивни на коронавирусот откако се вратиле од рекреативната настава во Дивчибаре, која се оддржала непосредно пред почетокот на учебната година. Заразени се 18 ученици и две наставнички, пренесува Телеграф.рс.

Екскурзијата се оддржала од 22 до 29 август, а само еден ден по враќањето на учениците, вирусот кај нив беше потврден на Ковид клиниката.

„Има многу заразени луѓе. Засега вкупно има 43 заразени вклучувајќи ги и родителите. Децата се вратија во неделата вечерта, а веќе во понеделникот настана хаос пред Ковид амбулантата. Тестирани се позитивни, а имаат само девет и 10 години“ изјави еден од родителите за Телеграф.рс.

Директорот на училиштето, Душко Витомировиќ, за Блиц потврди дека децата се вратиле заразени од Дивчибаре, но тврди дека бројот на заразените е помал, односно 18 ученици и двајца наставници. На прашањето зошто се оддржала екскурзијата пред почетокот на училиштето и тоа во време кога вирусот доминира, Витомировиќ одговори:

„Нивните пари ќе беа залудно потрошени ако не заминеа сега. Тие требаше да одат во тој рекреативен центар минатата година, но поради коронавирусот, се беше запрено. Родителите можеа да одбијат, но тие не го направија тоа. Советот на родители прифати да оди во рекреативниот центар, децата беа прегледани во Здравствениот дом пред патувањето и еден лекар отиде со нив“ вели Витомировиќ.

Тој додаде дека моментално сите заразени се во добра состојба, но родителите бесно реагираа на одлуката на директорот да се дозволи ваквата екскурзија.

„Срамота е што не сакаа да ни ги вратат парите, туку ги зедоа децата среде пандемија и ни ги вратија заразени“ вели една мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот