Фото : Архива

Хакер открива како функционира „темната страна“ на интернетот

Анонимен хакер, кој три децении талка по темните агли на интернетот, ги сподели своите искуства со темната мрежа, жариште на криминални активности.
Иако некогаш бил „црн шешир“ – хакер без етички кодекс – денес тој е „бел шешир“ кој работи за општото добро. Неговата работа е да наоѓа ранливости во безбедносните системи и да ги лови криминалците.

– Ловам криминалци кои ги напаѓаат болниците или компаниите што се обидувам да ги заштитам – изјави тој за списанието VICE пренесе Каматица.

Тој, исто така, објасни како функционира ransomware, малициозен софтвер што го блокира пристапот до компјутерските системи и бара откуп. Хакерите ги шифрираат сите податоци, ги држат како заложници и бараат плаќање во некаков вид валута за да ги дешифрираат.

ВИДЕО | Работел како хакер 30 години и го открил најстрашното нешто што го видел на интернет: „Им ги уништуваат животите на луѓето“

Хакерот рече дека најстрашното нешто што го видел е ситуација каде што болниците остануваат без податоци и луѓето се соочуваат со избор – „дали треба да платам за дешифрирање на податоците или да го ризикувам мојот живот?“ Според него, хакерските напади многу се промениле со текот на годините. Додека откупите порано изнесуваа илјадници долари, денес достигнуваат милиони.

– Последниот напад што го следев понуди 70 милиони долари за клуч за кампања – клуч што би го отклучил секој компјутер криптиран за време на тој напад – објаснува тој.

Украински хакер заразил над милион компјутери во целиот свет, ќе плати отштета од милион долари

Тој предупредува дека не треба да се грижите за преземање на нуклеарниот арсенал, како во филмовите, туку за потенцијални напади врз финансиските пазари и електраните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот