Гутереш: Ситуацијата со мигрантите во Полска треба да се реши преку меѓународното право

Антонио Гутереш
Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН/ Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш смета дека ситуацијата со мигрантите на полско-белоруската граница треба да се реши врз основа на меѓународното право и не треба да стане извор на тензии меѓу земјите.

Ова на брифинг го изјави официјалниот претставник на генералниот секретар на Светската организација Стефан Дужарик.

– Генералниот секретар со загриженост ја следи ситуацијата на белоруско-полската граница и повторно истакнува колку е важно да се гарантира дека прашањата за миграцијата и бегалците се решаваат врз основа на хуманитарните принципи и меѓународното право, рече тој.

Миграциската криза на границата на Белорусија со Летонија, Литванија и Полска, каде што мигрантите се собираат од почетокот на годината, нагло ескалира на 8 ноември. Неколку илјади луѓе дојдоа од белоруската страна до полската граница и не сакаат да ја напуштат пограничната област. Земјите од ЕУ го обвинија Минск за намерно ескалирање на кризата и повикаа на санкции. Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека самите западни земји се виновни за ситуацијата, која ги натера луѓето да бегаат од војна.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот