Груевски: Ќе потсетам, со цел да поттикнам промени – Секоја влада е должна да ги продолжи стандардите кои ги оставила претходната

Никола Груевски / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Екс-премиерот Никола Груевски одново се обрати до јавноста преку својот Фејсбук профил. Овојпат тој се осврна кон Премиерот и неговото предновогодишно дружење со децата од малиот групен дом во Скопје.

– Неможе а да не се предупреди дека не е ниту приближно доволно за оваа категорија деца ако Премиерот предновогодишно или пред Божиќ ги посети само за да поразговара со нив и да се каже дека владата се грижи за нив. Легитимно е политичарите да прават свој маркетинг преку некои од своите активности, но само вакво гледање и разговор не е доволно. Треба и демонстрација на конкретна крупна подршка на овие категории лица, па дури тогаш политичкиот маркетинг можеби може да добие некакво оправдување, вели поранешниот премиер Никола Груевски.

Груевски дополнително истакна дека секоја влада треба да ги продолжи стандардите од претходната, потенцирајќи за сработеното во неговиот мандат.

Целиот Фејсбук статус на Никола Груевски можете да го проследите во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот