Груби на средба со Шаќири и Мерко

Добрата соработка помеѓу централната и локалната власт носи придобивки за граѓаните, изјавил првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на денешната средба со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири

Како што соопшти кабинетот на првиот вицепремиер, на средбата се разговарало за реализираните проектите за Струга поддржани од Владата, при што Груби информирал дека владата за општина Струга за оваа година одвоила средства за изградба на патот до брегот на Охридското Езеро, каде ќе се градат пешачки и велосипедски патеки, проект со вредност од 39.000.000,00 денари.

Груби, се посочува, исто така, го информираше Мерко за петтиот пакет економски мерки на Владата, во кој ќе бидат вклучени отплатата на каматните стапки на долговите за сите граѓани, помош за сиромашните,за угостителите, транспортерите, туризмот, тутунарите и медиумите.

За време на оваа средба, Груби, Шаќири и Мерко разменија мислења и за потврдата на приоритетите за инвестиција на вкупно 36 милиони евра од страна на компанијата ТАВ со дозвола на Владата на Република Северна Македонија, во согласност со договорот за концесија што оваа компанија го има.

Груби и Шаќири го известија Мерко дека општина Струга од овој договор ќе добие близу 67 милиони денари со кои средства ќе бидат изградени патишта и улици во делот УЗ 8 според деталниот урбанистички план и во блокот 22 и делови од блоковите 23 и 24.

– Градоначалникот на Струга, Мерко ја поздрави одлуката на Владата со која во буџетот од 2021 година е вклучено обновување и асфалтирање на сегашниот пат Потмол-Струга-Ќафасан, стои во соопштението.

Мерко, исто така, изрази благодарност за одлуката на Владата за реконструкцијата на водениот резервоар во селото Шум, преку кој се снабдува со вода за пиење градот Струга.

Воедно, првиот вицепремиер и министерот за информатичко општество и администрација дискутирале и за процесот на распределба на административните службеници.

Груби го известил Шаќири дека во рекордно време, соодветно за три дена, сите решенија за работа им се поделија на административните службеници и ова е благодарение на одличната соработка помеѓу Министерството за политички систем и Министерството за информатичко општество и администрација, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот