Груби: Груевски не може ни да сонува да се врати во Македонија

Фото: RTV Dukagjini / printscreen

Првиот вицепремиер Артан Груби смета дека експремиерот Никола Груевски не може да сонува слободен да се врати во Мкаедонија, бидејќи влијанието на изменетите членови од Кривичниот законик врз обвиненијата на поранешниот премиер е многу мало.

„Никола Груевски со овие измени во Кривичниот законик не може ни да сонува да се врати во Северна Македонија“, рекол Груби во гостување во емисијата Клан дебата.

Поранешниот сопартиец на Груби, а сега лидер на Демократко движење Изет Меџити минатата недела преку објава на Фејсбук праша „дали е точно дека идната недела ќе му биде вратена патната исправа на Груевски, бидејќи со измените на Кривичниот законик тој автоматски се ослободува од одговорност за случајот ТНТ и за Траекторија, додека за другите кривични дела за кои е осуден ќе му се овозможи повторување на кривичната постапка“?

Со измените на Кривичниот законик, во членот 353, кој се однесува на злоупотребата на службената должност од страна на државните функционери, казните се намалуваат.

Груби повтори дека во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ би гласала за уставните измени, според тој заедно со другите министри и функционери на ДУИ во истата секунда ќе поднесе оставка.

„Од прв до последен, во секунда даваат оставки и ние се повлекуваме во моментот кога ВМРО ќе притисне зелено копче за уставни измени. И, можеме веднаш да одиме на предвремени парламентарни избори или да ги оставиме да владеат 6,7,8 месеци, колку сакаат, до следните избори и да ги избркаат Албанците од влада. Се виде дека тоа е прашањето“, рече министерот за политички систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот