Грета Тунберг пред зградата на шведскиот парламент го слави 17. роденден: Училишен штрајк за климата

Младата активистка која покрена глобално движење на младите против климатски промени и овој петок излезе на улица носејќи го својот препознатлив транспарент „Училиштен штрајк за климата“.

Шведската активистка позната по борбата за климатските промени, Грета Тунберг, денеска го прославува својот 17 роденден.

Во оваа пригода Грета се одлучила да помине дел од роденденот пред зградата на шведскиот парламент.

Младата активистка која покрена глобално движење на младите против климатски промени и овој петок излезе на улица носејќи го својот препознатлив транспарент „Училиштен штрајк за климата“.

Училиштата во Шведска сѐ уште не работат поради празниците.

„Училиштен штрајк, 72. недела“, напиша Тунберг на Твитер.

Таа неодамна се врати во Шведска по четири и пол месеци, период за кој учествуваше на големите конференции за климата во Њујорк и Мадрид, при што цело време патуваше со брод.

Тунберг ги почна своите соло протести во Стокхолм во август 2018 и како ретко кој придонесе да се крене свеста за климатските промени, при што нејзините петочни протести добија поддршка од милиони луѓе низ цел свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот