Грција: За 24 часа регистрирани 57 шумски пожари

Фото: ARTUR RESZKO / EPA

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, интервенираат 236 пожарникари со 54 возила, 15 пешадиски тимови, шест хеликоптери и четири авиони.

Во изминатите 24 часа, заклучно со вчера во 19 часот, во Грција имало 57 шумски пожари на различни локации, а интервенирале вупно 749 пожарникари со 264 возила, 18 пешадиски тима, авиони и хеликоптери, а помагале еден хеликоптер од војската како и цистерни и булдожери од општините, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Противпожарната служба на Грција соопштуваат дека поголемиот број од пожарите биле брзо ставени под контрола, а сѐ уште е активен пожарот во близина на Коринт што избувна вчера напладне.

Пожарникарите во текот на ноќта се бореа со огнените јазици, а напорите, пожарот да се стави под контрола, продолжуваат и денеска.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, интервенираат 236 пожарникари со 54 возила, 15 пешадиски тимови, шест хеликоптери и четири авиони.

Во текот на вчерашниот ден, превентивно беа евакуирани најмалку шест населби, два детски кампови со околу 800 деца, а според грчките медиуми, пожарот нанел материјална штета на неколку домови.

Градоначалникот на Коринт, за грчката телевизија „Скај” рече дека иако пожарот не е ставен под контрола, сепак не претставува опасност за населени места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот