
Грција им ја крати помошта на бегалците, ќе одат на курсеви по грчки и ќе се обучуваат за работа
Финансиската помош за примателите на меѓународна заштита ќе се намали за половина во Грција, а во иднина владата ќе покрива само основни потреби, во согласност со правилата на ЕУ. Дополнително, прифатните центри ќе се преместат надвор од градовите за да се поттикнат интеграцијата и вклучувањето во пазарот на труд.
Грчката влада планира да ги намали бенефициите за бегалци за речиси 30 отсто, соопшти грчкото Министерство за миграција, објави „Грик сити тајмс“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Грчкиот министер за миграција и азил, Танос Плеврис, претстави сеопфатна реформа на системот за бенефиции за примателите на азил, со која се воведуваат значајни кратења на трошоците и пренасочување на средствата кон стручно оспособување и програми за изучување на грчкиот јазик.
Првите мерки, кои се спроведуваат веднаш, треба да заштедат над 288 милиони евра за храна и за сместување во прифатните центри во следните две години. Централна точка на реформата е укинувањето на програмата за домување „ХЕЛИОС“, при што субвенциите за наем ќе бидат пренасочени кон иницијативи насочени кон вработување. Финансиската помош за примателите на азил ќе биде намалена и до 50 отсто, оставајќи месечни надоместоци што покриваат само основни потреби.
Намалување на трошоците за храна за 30 отсто
Според новите правила, таканаречениот „Суперфонд“ ќе ги раководи сите тендери за храна, одржување и обезбедување во прифатните центри. Договорот со заменик-директорот Панагиотис Стамполидис треба да донесе поголема транспарентност и ефикасност, се вели во текстот на „Грик сити тајмс“, а трошоците ќе се намалат од 400 на 288 милиони евра. Дополнителни заштеди се очекуваат преку отворени конкурси.
Шпигел: Германија преку пилот програма ќе ги испрати бегалците назад во Грција
Финансиската помош се крати за половина
Програмата за помош „ХЕЛИОС“ повеќе нема да дава пари за кирија. Становите, што досега се изнајмуваа за бегалци во центарот на Атина, ќе се вратат на локалните жители. Наместо тоа, средствата ќе одат за курсеви по грчки јазик и за обуки за работа за да се вклучат бегалците полесно во општеството.
Финансиската помош за примателите на меѓународна заштита ќе се намали за половина – во иднина ќе покрива само основни потреби, во согласност со правилата на ЕУ. Дополнително, прифатните центри ќе се преместат надвор од градовите за да се поттикнат интеграцијата и вклучувањето во пазарот на труд.
Плеврис порача дека бегалците повеќе нема да живеат од бенефиции, туку ќе добијат вештини за работа. Така ќе се намали зависноста од државна помош, а парите ќе се насочат кон образование и вработување.
Заменичката министерка Севи Волудаки истакна дека Грција започнува „нова ера“ во миграциската политика – помошта ќе биде врзана за учење, работа и за интеграција, со цел заштита на даночните пари и промовирање одговорност.