Грчката полиција нашла десетици голи мигранти на границата со Турција

Грчката полиција спаси група од 92 илегални мигранти кои беа најдени голи, а некои со повреди, во близина на нејзината северна граница со Турција, соопшти полицијата во саботата.

Мигрантите, сите мажи, се откриени во петокот во близина на реката Еврос што ја означува границата меѓу Грција и Турција, се вели во соопштението на грчката полиција.

Истрагата на грчката полиција и претставници на граничната агенција на ЕУ Фронтекс откри докази дека мигрантите ја преминале реката на грчка територија со гумени чамци од Турција, соопшти полицијата.

Граничните полицајци откриле 92 илегални мигранти без облека, од кои некои имале повреди по телото“, се вели во соопштението. Не беше јасно како и зошто мажите останале без облека.

Грчкиот министер за миграција Нотис Митарачи рече дека третманот на Турција кон мигрантите е „срам за цивилизацијата“. Тој рече дека Атина очекува Анкара да го истражи инцидентот.

Грција ја повика Турција да го почитува договорот од 2016 година со Европската унија во кој Анкара се согласи да го запре протокот на мигранти кон Европа во замена за помош од милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот