Грчката полиција на атинскиот аеродром уапси радикални десничари од Италија, ќе учествувале на фашистички собир

Грчката полиција на атинскиот аеродром уапси радикални десничари од Италија, ќе учествувале на фашистички собир / Фото Каза Паунд Италија

Група од 21 Италијанец, радикални десничари, биле уапсени синоќа на атинскиот аеродром, а планирале да учествуваат на денешниот собир по повод десетгодишнината од убиството на двајца членови на Златна зора, протест што доби забрана од грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатиот период во Грција се споменуваше дека за среда попладне, во населбата во северниот дел на Атина каде што во 2013 година беа убиени членовите на неонацистичката партија, се подготвува фашистички собир со учество на радикални десничари од Европа, по што следеше одлука на полицијата да забрани секаков вид на демонстрации, а паралелно се организираа и антифашистички протести.

Доцна синоќа, на аеродромот во Атина пристигнала група од Италија, сите членови на италијанското неофашистичко движење Каза Паунд, а според медиумите во Грција, по информациите што ги имала грчката полиција, Италијанците биле уапсени и се очекува да бидат депортирани „поради национална безбедност“.

Како одговор на европскиот фашистички собир, за попладнево се закажани антифашистички протести, а со одлука на полицијата, затворени ќе бидат метро станици и постои забрана за секаков вид демонстрации.

Поради најавените протести, од рано утрово зголемено е присуството на полицијата во атинската населба Нео Ираклио каде што е закажан протестот, населбата во која порано беа канцелариите на Златна зора и местото каде што беа убиени двајцата членови на поранешната неонацистичка партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот