Графит со ликот на Вучиќ на РТ Војводина: „Не е виновна зградата, јас сум уредник на програмата“

По покраинските избори во 2016 година и доаѓањето на власт на Српската напредна партија сменет е речиси целиот уредувачки тим на информативната програма на српски јазик.

На фасадата на зградата на РТВ Војводина утрово осамна графит на кој е нацртан претседателот на Србија Александар Вучиќ кој во раце држи транспарент на кој пишува: „Не е виновна зградата, јас сум уредника на програмата“.

Пораката алудира на неодамнешните случувања пред зградата на РТВ кога демонстрантите во текот на протестите ги искршија прозорцита на влезната врата.

Во текот на претпладнето графитот е префарбан со бела боја, но под фасадата јасно се надѕира ликот на Александар Вучиќ и паролата која ја држи в раце.

Пред зградата на РТВ и претходните години често се одржувани граѓански протести поради незадоволството од уредничката политика на покраинскиот јавен медиумски сервис, но поминаа без оштетување на имотот.

По покраинските избори во 2016 година и доаѓањето на власт на Српската напредна партија сменет е речиси целиот уредувачки тим на информативната програма на српски јазик.

Преку ноќ се укинати неколку популарни емисии, голем број луѓе се преместени во други редакции на полоши работни места, а со повеќе од 10 соработници се раскинати договорите за работно ангажирање.

Четири години подоцна довербата на гледачите на Првата програма на телевизијата драстично опадна, а одредени информативни емисии имаат и до 10 пати помала гледаност отколку во 2016 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот