Фото: Принтскрин/Јутјуб

Градови кои сега сите сакаат да ги посетат: Листата со топ дестинации прилично се промени

Бројот на посетители не е единствениот начин за проценка колку еден град е успешен во туристичка смисла. Тука е и инфраструктурата, одржливоста и економијата, како градот го спојува привлекувањето и сместувањето на туристите со ненарушениот квалитет на живот на локалното население, а во последните години тука е и начинот на кој градовите се справуваат со пандемијата.

Компанијата за истражување на пазарот „Euromonitor“ со седиште во Велика Британија до 2020 година ја изработуваше „Топ листата со 100 градски дестинации, но потоа се случи коронавирусот.

Сега изработува нова листа во која ја споредува атрактивноста на 100 градови во делови од светот користејќи шест стапки на успешност. Последниот попис кои го објавија овие денови се темели на податоци од 2021 година.

Пред три години на листата доминираа азиските дестинации, со Хонгконг и Бангкок на врвот, но денес во првите десет се наоѓаат дури осум европски градови.

Водечки е Париз

Париз е прогласен за најатрактивна градска дестинација во 2021 година. Тој е најмногу рангиран град во категоријата според туристичките перформанси, а втор е според туристичката политика и инфраструктура. Во него се вратија американските и азиски туристи, а засега се уште се чекаат британските туристи, кои претходно сочинуваа голем дел од парискиот туристички пазар.

Ниско е рангиран според прашањето на здравје и безбедност, поради фактот дека голем број од населението не е вакцинирано.

Франција беше една од најтешко погодените европски земји од коронавирусот, а од почетокот на пандемијата до почетокот на овој месец забележани се вкупно 27 милиони заболени.

Високо на листата е и Дубаи

Дубаи на листата за 2020 беше првиот, а сега е втор град. Поттик му даде одложениот „Expo 2020“ саем, кој повторно се случи во октомври 2021 година.

Индексот со 20 најубави градски дестинации на „Euromonitor“ 2021 изгледа вака:

1. Париз
2. Дубаи
3. Амстердам
4. Мадрид
5. Рим
6. Берлин
7. Њујорк
8. Лондон
9. Минхен
10. Барселона
11. Виена
12. Милано
13. Прага
14. Лос Анџелес
15. Токио
16. Даблин
17. Лисабон
18. Франкфурт
19. Цирих
20. Истанбул

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот