Градоначалникот на Задар го забрани концертот на Александра Пријовиќ: Еве што е причината

Александра Пријовиќ / Фото: Инстаграм/Александра Пријовиќ

Српската пејачка Александра Пријовиќ, која распродаде пет концерти во Загреб и Осиек, нема да пее во Задар затоа што нејзиниот настап го забранил тамошниот градоначалник Бранко Дукиќ, пишува „Индекс“.

Како што пренесува хрватскиот медиум, концертот требало да се одржи во мај во салата „Крешимир Ќосиќ“, но градоначалникот експресно одбил српската ѕвезда да пее во градот, па концертот не бил закажан или најавен.

Градоначалникот Дукиќ ги одбил организаторите на концертот со тврдење дека во салата „нема слободни термини“. Но, „Индекс“ пишува дека на веб-страницата на Спортскиот центар од март до мај тековната година ќе се одржат само три естрадни спектакли.

Како што неофицијално дознава овој медиум, градоначалникот се предомислува по анкетите на новинарите, па сепак можеби ќе се донесе одлука за одржување на концертот на Пријовиќ во Задар.

За потсетување, Пријовиќ лани во декември распродаде пет „Арени“ во Загреб, а сега пет вечери по ред ќе настапи во Осиек. Концертите се на 13, 14, 15, 17 и 18 февруари.

Целиот регион лудува по Александра Пријовиќ: За неколку месеци ќе наполни повеќе од 20 арени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот