Градоначалникот на Бутел подели 55 компјутери и таблети за социјално загрозените семејства

Градоначалникот Велимир Смилевски денеска подели 55 компјутери и таблети во сите основни училишта за учениците чии родители не можат да си дозволат да им ги купат.

22 таблети од донираните апарати се лична донација на Градоначалникот Смилевски а останатите апарати се во рамките на акцијата:,,Донирај го својот стар компјутер,,.

Во денешната акција поделени беа и пакети со храна за истите овие дечиња и нивните семејства.

Општина Бутел, велат оттаму, продолжува во и наредните денови со распределбата на донираните персонални компјутери преку училиштата кои ги има на својата територија, а ќе бидат наменети за децата од семејствата со загрозен социјален статус и семејства од руралните средини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот