дарко чурлинов
фото: twitter.com/s04/FC Schalke 04

Готово: Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се враќа во Шалке

Долг период се шпекулираше во германските медиуми дека можно е Дарко Чурлинов повторно да го носи дресот на Шалке, еве тоа станува реалност.

Денеска 23-годишниот играч треба да ги помине лекарските прегледи, по што ќе следува потписот со германскиот клуб кој сезонава игра во втората Бундес лига и е моментно е на 14 место со 20 бодови.

Како што информира „Кикер“, крилото од Барнли до крајот на сезоната ќе игра како позајмица во Шалке со опција за купување на фудбалерот во вредност од околу 2,5 милиони евра.

Шалке секако не го заборава Македонецот кој кога беше најпотребно му помогна на тимот да се врати во елитата.

Лани во англискиот Чешмпионшип запиша само седум настапи, а мораше и да паузира два месеци поради повреда.

Сезонава не доби минутажа во Премиер лигата, но играше за У21 тимот на Барнли за кој запиша и голови против Шефилд јунајтед и Блекбурн роверс.

На клупски план беше дел и од Келн и Штутгарт, а за најдобрата македонска репрезентација има до сега 23 натпревари и четири голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот