Готовината сè уште е најчестото платежно средство во еврозоната

Повеќе од половина од сите дневни трансакции во продавници, ресторани и на други места се вршени со монети и готовина минатата година, објави Европската централна банка (ЕЦБ). Уделот на готовинските плаќања во еврозоната лани беше 59 проценти. Малта, Словенија, Австрија и Италија се земји во кои сè уште доминираат готовинските плаќања, со учество во вкупните плаќања од 69 до 77 проценти, во Германија готовината има 63 проценти од плаќањата, во Франција 50, а на дното се Финска и Холандија каде учеството на готовината е само 20 проценти. Последните податоци за Хрватска од 2020 година покажаа дека учеството на готовината тогаш беше 54 проценти, анализира Пословни хр.

Иако сите сè уште се колнат во готовина, факт е дека картичките и електронските плаќања ја преземаат играта. Во 2016 година, учеството на готовинските плаќања во еврозоната беше 79, во 2019 година беше 72, а минатата година падна на 59 проценти.

Пандемијата и стравот од ширење на инфекцијата преку банкноти само го забрзаа тој тренд. Стоката вредна помала од 50 евра најмногу се плаќа во готово, додека повисоките вредности поради економичност почесто се плаќаат со картичка. Она што е ново е дека претходниот удел на плаќања преку мобилни апликации се зголеми тројно од 1 во 2019 година на 3 проценти во 2022 година.

Бесконтактните плаќања со картички исто така пораснаа и сега сочинуваат 62 проценти од сите плаќања со картички.

И покрај предноста за безготовинско плаќање, 60 проценти од потрошувачите во еврозоната наведуваат дека им е важна можноста за плаќање со готовина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот