
Гордон Ремзи останал без зборови од цената на храната во Франција: „Не сум скржав, но што по ѓаволите?!“
Иако и неговите ресторани не се најевтини, познатиот готвач Гордон Ремзи останал шокиран кога видел колку чини оброк во ресторан на југот на Франција.
Препорачано
Ремзи често нагласува дека се фокусира на квалитетот и вредноста во своите јадења и често дава совети за нарачка и добивање вредност за парите. Но, се чини дека еден француски ресторан добил лоша критика.
Во разговор за „Ледбајбл“, Ремзи објаснил дека неодамна бил на југот на Франција каде што неговата сопруга Тана го славела својот роденден.
„Седевме во хотел во Кан и таа јадеше јастог затоа што обожава јастог. Тоа е уживање, ѝ беше роденден“, рекол тој, пред да додаде со воздишка: „220 евра за јастог“.
Очигледно доста изненаден од цената, готвачот продолжил: „Не сум скржав и не сум штедлив, никогаш не ја доведувам во прашање сметката. Но, 220 евра, што по ѓаволите се случува?“
Неговата сопруга не можела да ја изеде целата порција, па Ремзи ѝ помогнал бидејќи, вели тој, не можел само да седи и да го остави скапиот јастог да се фрли.
„Ако мајка ми чуеше дека сум платил 220 евра за јастог на југот на Франција, ќе ме претепаше. Не троши толку многу за намирници за еден месец“, додал Гордон.
Сепак, тој истакнува дека ако нешто е скапо за некого, тогаш не треба да го нарачува.
Гордон Ремзи вели дека никогаш не треба да го нарачате ова јадење во ресторан