Гордон Браун смета дека талибанскиот однос кон жените е „злосторство против човештвото“

Гордон Браун / Фото -EFE/MARTIAL TREZZINI

Односот на талибанците кон жените и девојчињата во Авганистан е „злосторство против човештвото“, изјави Гордон Браун за Би-Би-Си. Поранешниот британски премиер го повикува Меѓународниот кривичен суд (МКС) да ги гони одговорните за „злобната“ злоупотреба на човековите права.

Талибанската влада сериозно ги ограничи слободите на жените и девојчињата откако ја врати власта во 2021 година.

„Ова е систематска брутализација на жените и девојките“, рече тој.

Говорејќи за Би-Би-Си, Браун, сега специјален пратеник на ОН за глобално образование, рече: „Тие беа исклучени од образованието, исклучени од вработување, исклучени од посета на јавни места. Сите овие забрани се форма на дискриминација“ смета тој.

Тој рече дека некои го опишаа системот како форма „родов апартхејд“ и дека треба да се смета за злосторство против човештвото.

„Тогаш е правилно Меѓународниот кривичен суд, кој има одговорност за справување со злосторствата против човештвото, и да ги истражи и да ги гони одговорните“ вели Браун.

Поранешниот лабуристички премиер, кој ја предводеше Британија од 2007 до 2010 година, посочи дека притисокот на потенцијалното обвинителство може да ги принуди талибанците да размислат и рече дека е шокиран од тоа што има „толку мал меѓународен притисок врз режимот“.

Браун, исто така, повика на санкции од Обединетото Кралство против раководството на талибанците, а лидерите и свештениците од земјите со мнозинско муслиманско население да помогнат да се убедат дека „исламот е религија која ги цени жените и девојките“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот