Горан Мисовски и Фадиљ Зендели нови потпретседатели на Собранието, се чека на третиот предлог!

Та
Талат Џафери/ Фото: МИА

На денешната седница пред пратениците ќе се најде предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на македонското Собрание. Ќе се гласа за нивнот број, а за предлозите за кандидати народните избраници ќе се изјаснат на седница кога ќе бидат обезбедени гласовите на 61 пратеници.

Слободен печат од собраниски извори неофицијално дознава дека како предлози се спомнуваат Горан Мисовкси од НСДП, кој ја има поддршката од Коалицијата „Можеме“ и пратеникот од БЕСА Фадиљ Зендели.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се откажа од потпретседателската функција на собранието. Според нив со 5 потпретседатели на Собранието ќе се зголемат трошоците кои ги плаќаат граѓаните, но и поради тоа што најголем дел од нив никогаш нема да седнат на спикерското столче. Од потпретседателското место во парламентот се откажа и СДСМ, како реакција на критиките во јавноста.

Потпретседателска функција во Собранието посакува и опозициските партии Алијанса и Алтернатива. Но според законските норми не им припаѓа ова место им припаѓа на најгоелмата опозициска партија, во случајов ВМРО-ДПМНЕ.

Собраниски извори не ја исклучуваат можноста и коалицијта Алијанса и Алтернатива да имаат потпретседател, но за тоа треа да соберат 20 потписи, што во случајот, ваквата можност ја исклучуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот