Голманот Спортиело е првото летно засилување за Милан

Фото: AC Milan

Tимот на Милан денес го промовираше своето прво летно засилување, станува збор за искусниот голман Марко Спортиело.

31-годишниот чувар на мрежата во Милан пристигнува од редовите на Аталанта како слободен агент и потпиша договор до 2027 година. Во Милан доаѓа на местото на Романецот Ципријан Татарушану како резерва на првиот голман, Мајк Мањан. Татарушану донесе одлука да ја промени средината.

Спортиело е голман кој во кариерата во главно беше втора опција, како прв голман помина четири сезони, две во Аталанта и по една во Фиорентина и Фросиноне, а го носеше уште дресот и на Карпи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот