
Големо изненадување: Божиќ ќе биде поинаков во кралското семејство, а сето тоа поради кралицата Камила
Кралот Чарлс се ожени со Камила во 2005 година и оттогаш таа официјално стана дел од кралското семејство, меѓутоа нејзините деца никогаш немаа добиено покана да го поминат Божиќ заедно со нивната мајка.
Препорачано
Но, како што пренесува „Дејли мејл“, работите сега се менуваат и кралицата овој Божиќ ќе го прослави со синот и ќерката кои ќе се приклучат на остатокот од кралското семејство.
Овогодинашниот список на гости е радикално променет и сега го вклучува семејството на актуелната кралица. Покрај постариот син на Чарлс, Вилијам и неговото семејство, на иста божиќна трпеза конечно ќе седнат и децата на Камила, кои наводно одлично се согласуваат со остатокот од кралското семејство.
Покрај тоа, внуците на Чарлс и внуците на Камила се приближно на иста возраст, па тие исто така ќе можат да се дружат. Синот на Камила, Том Паркер Боулс има две деца, 16-годишната Лола и 13-годишниот Фреди, а Лаура Лопес ја има 15-годишната ќерка Елиза и 13-годишните близнаци Гас и Луис.
Не е познато дали внуците на Камила ќе седнат на главната маса или ќе им се придружат на младите принцови и принцези на „детската маса“.
Како што веќе е утврдено, семејството претпочита да ги помине празниците во Норфолк и ќе го прослави Божиќ во селската куќа во Сандрингем. Таа е една од кралските резиденции на Чарлс Трети чии уредени градини, паркови и шуми се во Националниот регистар на историски паркови и градини.
Кралското божиќно мени вклучува мисирка со различни прилози како што се печени компири, пире од компири, пашканат и зелје. Вообичаено е после ручекот да се јаде пудинг за десерт.