Големиот пожар во Ново Мексико се шири

Пожар во болница во Будимпешта / Фото EPA-EFE/RAY STUBBLEBINE

Вториот по големина пожар во историјата на Ново Мексико може да стане уште полош, бидејќи контролата на ширењето на пожарот ја отежнуваат ветерот и сушата во оваа американска држава.

Би-Би-Си јавува дека пожарот беснее повеќе од еден месец и има зафатено површина поголема од градот Чикаго. Многу семејства останаа без покрив над главата, а илјадници се евакуирани.

Се очекува ветерот и речиси рекордните високи температури како и ниската влажност дополнително да го поттикнат ширењето на пожарот.

Националната метеоролошка служба во Албакерки предупреди дека за време на викендот се очекуваат ветровити и суви услови, што ќе ја „влоши и онака лошата ситуација”.

Американскиот претседател Џо Бајден неделава прогласи голема катастрофа во Ново Мексико и ги даде на користење федералните ресурси, вклучително и финансиска помош за жителите на овие области.

Рестораните и продавниците во Лас Вегас, град со 13.000 жители, се затворени, а истата судбина ги снајде и училиштата, освен оние кои преминале на онлајн настава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот